Неправилности во работата на Бирото за развој на образованието
ДЗР констатирал систематски слабости во работата на Бирото за развој на образованието кои се објавени во редовниот ревизорски извештај за 2024-та година...

Државниот завод за ревизија констатирал систематски слабости во работата на Бирото за развој на образованието кои се објавени во редовниот ревизорски извештај за 2024-та година. Во извештајот стои дека на чело на бирото е назначен в. д директор кој ја извршувал функцијата повеќе од пет години, што е спротивно на законот.
Во понатамошните забелешки ревизорите нотирале дека извршени се исплати за надоместоци за надворешни соработници врз основа на правилници кои се донесени во претходниот период, чие усвојување е во надлежност на министерот за образование и наука.
Исто така, постојат непрецизности во начинот на пресметка на надоместоците на ангажираните надворешни соработници. Поради недостаток на финансиски средства не постои можност за реализација на обуките на наставниците во основно и средно образование во законски предвидениот обем, се вели во ревизорскиот извештај.
