Македонците од Голо Брдо и Гора најавуваат референдум против новата територијална поделба
11.08.2014 12:15
Поддршка за референдумот Македонците имаат и од грчкото малцинство на југот од земјата...

Македонците од Голо Брдо и од Гора, Албанија, најавуваат референдум против новата територијална поделба со која овие општини каде што доминираат Македонци се укинуваат.
Поддршка за референдумот Македонците имаат и од грчкото малцинство на југот од земјата. Албанската опозиција, исто така, планира поведување постапка пред Уставниот суд.
Македонците од Албанија ги негираат резултатите од последниот попис во Албанија за кои сметаат дека се фалсификувани.
Правата за сопствена општина ќе се бараат и во Брисел и во соодветните институции на Европската Унија.
