Македонија
МВР: Приведен крадец во Радовиш, следува соодветна пријава
23.04.2025 20:08
Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката.

Вчеравечер во 19:15 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода А.А.(26) од Радовиш.
Тој се сомничи дека на 07.04.2025 извршил кражба на подрачје на Струмица, а на 22.04.2025 извршил кражба на подрачје на Радовиш. Во службен разговор, тој ги признал делата и кај него биле пронајдени пари, кои ги одзел при кражбата во Радовиш и ќе бидат вратени на сопственичката.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случаите против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.
