Просечната нето-плата во февруари 43.053 денари
Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесува 43.053 денари, објави Државниот завод за статистика.
Во февруари годинава, во однос на февруари минатата година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,6 проценти.
Од Статистика појаснуваат дека зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности во врска со недвижен имот за 16,6 проценти, Преработувачка индустрија за 11,5 проценти и за Образование 11,4 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Информации и комуникации за четири проценти, Дејности во врска со недвижен имот за 3,9 проценти и Преработувачка индустрија за 2,5 проценти.
Во февруари годинава просечната месечна исплатена бруто-плата изнесува 64.634 денари.
