мвр
Лишени од слобода две лица во Демир Хисар, предизвикале пожар на градската депонија
23.04.2025 13:51
По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава...

Вчера во 13.30 часот полициски службеници од ОВР Демир Хисар ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик. Тие се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар, а при преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.
По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава, информираат од МВР.
