свет
Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја стресе Турција
23.04.2025 13:02
Епицентарот на потресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри...

Силен земјотрес од 6,2 по Рихтер ја стресе Турција. Епицентарот на потресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри. Земјотресот бил почувствуван низ поголемиот дел од Истанбул, што предизвика голема загриженост кај жителите.
Засега нема извештаи за штети или повредени.
