Влада

Дебата за планот за раст и реформската агенда

23.04.2025 13:15

Обраќања на премиерот Мицкоски, вицепремиерот за евроинтеграции Муртезани, шведската амбасадорка во земјава Ларсон Џејн и експерти...

Во Владата дебата за планот за раст и реформската агенда. Обраќања на премиерот Мицкоски, вицепремиерот за евроинтеграции Муртезани, шведската амбасадорка во земјава Ларсон Џејн и експерти.

„Нашата држава се наоѓа на критична раскрсница, помеѓу комфорната стагнација и потребата од храбри, суштински реформи. Планот за раст и Реформската агенда не се само формални предуслови за евроинтеграција, туку се инструмент за темелно оздравување на општеството. Корупцијата кај нас не е поединечна девијација, туку систем кој се штити сам себе и ги уценува граѓаните да „платат за да добијат“. Без деполитизирано судство, без отчетни институции и заштитени обвинители и судии, не можеме да зборуваме за европска иднина. Затоа, реформите во правосудството мора да бидат прв приоритет“, изјави премиерот Мицкоски.

Александра Велинова ги пренесува пораките.