ФЗОМ: Бесплатна медицинска рехабилитација за деца до 18 години од 1-ви септември
Со досегашниот начин на оставарување на правото за медицинска рехабилитација беа опфатени околу 2000 лица годишно кои имаа потреба од рехабилитација...

Од 1-ви септември за прв пат бесплатна медицинска рехабилитација за децата до 18 години со онколошки заболувања, заболените од мултиплекс склероза, за осигурениците со ревматоиден артрит и лица со хемофилија.
Со досегашниот начин на оставарување на правото за медицинска рехабилитација беа опфатени околу 2000 лица годишно кои имаа потреба од рехабилитација. Со новините кои започнуваат да важат од 01.09.2014 година ќе бидат опфатени дополнителни 500 осигуреници годишно, соопштуваат од Фондот за здравство.
На осигурените лица со рехабилитацијата се обезбедува постапка на физикална терaпија масажа, кинези терапија, електротерапија, хидротерапија, терапија со термоминерална вода, термотерапија, фототерапија, примена на ултразвук, како и постојан стручен надзор од медицински лица.
