Во Владата дебата за планот за раст и реформската агенда
Во Владата дебата за планот за раст и реформската агенда. Обраќања на премиерот Мицкоски, вицепремиерот за евроинтеграции Муртезани, шведската амбасадорка во земјава Ларсон Џејн и експерти...

За поголем раст неопходно е да продолжи борбата со корупцијата која е системски проблем и деполитизација, порача премиерот Мицкоски на дебатата за реформската агенда. Државата е на крстопат дали ќе избере да остане во удобна стагнација или ќе се соочи со длабоки и храбри промени-додаде тој.
Реформите не смеат да бидат декоративни, туку да се спроведат, аза тоа е потребна поголема вклученост на граѓаните - порача министерот за европски прашања Муртезани. Целта на реформската агенда не е само усогласување со ЕУ регулативите, туку и подобар стандард за граѓаните-порача шведската амбасадорка. Потребно е зајакнување на демократските институции, владеење на правото, слобода на медиумите и вклученост на младите во носење одлуки - додаде таа.
Реформската агенда за раст 2024-2027 е пакет мерки со конкретни чекори кои се однесуваат на реформи во јавната администрација, управување со јавни финансии, дигитална и енергетска транзиција, човечки капитал и владеење на правото. Реформската агенда на земјава е поддржана со над 800 милиони евра.
Раст на македонската економија од 3,2 проценти за годинава и за следната 2026 година прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот извештај. Стапката на инфлација според ММФ, годинава ќе изнесува 3,4 отсто, а следната година 2,2 проценти.
Александра Велинова
