Ново рочиште за двојното убиство

Обвинителството користи лажни сведоци, тврди Палевски

23.04.2025 16:04

Пред судечкиот совет рече дека сведокот Ерол Османи единствено точно што кажал е дека му го поправал котелот дома, но не на 28-ми ноември 2023-тата, туку шест дена порано, на 22-ри, датумот, кога според истрагата е убиен Панче Жежовски.

Во процесот против мене Обвинителството користи лажни сведоци, тврди првообвинетиот за двојното убиството Љупчо Палевски. Пред судечкиот совет рече дека сведокот Ерол Османи единствено точно што кажал е дека му го поправал котелот дома, но не на 28-ми ноември 2023-тата, туку шест дена порано, на 22-ри, датумот, кога според истрагата е убиен Панче Жежовски.

Критичниот ден, рече Палевски, бил во партиското седиште, снимал поткаст, комуницирал на социјалните мрежи.

Палевски тврди дека лично не се познавал со Жежовски, не бил во неговиот дом и не го усмртил.

Во однос на убиството на девојчето, рече дека во тоа време бил во банка. Во исказот наведе и дека не учествал во копањето на дупките како што тврдат тројца од обвинетите.

Анита Димитријевска-Велковска