Синдикатот во подготовки за првомајскиот протест
Синдикатот во подготовки за првомајскиот протест. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов најави дека работниците на 1. мај излегуваат на протест и ќе бараат зголемување на платите и на минималната плата. Денеска на прес-конференција ги соопштија деталите...

Повисок минималец и раст на сите плати за достојна живејачка на работниците во Македонија. Претседателот на Сојузот на синдикати, Слободан Трендафилов, ги повика сите здруженија, граѓани, борци и активисти за работнички права да дојдат на првомајскиот протест пред Работнички дом во 11 часот. Според него, борбата за плата и работнички права е работничка борба и никој не треба да чека покана.
Во услови кога работниците се соочени со неизвесност за работните места и исплата на платата, кога не се почитуваат колективните договори, кога минималецот е на дното во регионот, никој не треба да мирува.
Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права, велат од ССМ.
Освен борбата за 500 евра минимална плата, работниците бараат да се зголемат и останатите плати за најмалку 100 евра, колку што пораснала вредноста на синдикалната минимална кошница за една година. Бараат и вработените во јавниот сектор да добијат 12,6% зголемување на платите согласно Општиот колективен договор, да се врати правото на трошоци за храна и превоз.
Борис Грујоски
