Вештачка интелигенција во функција на наставниот процес
Учениците од сите возрасти и студентите на големо ја користат вештачката интелигенција во учењето. Современата настава треба да се комбинира со можностите кои ги нуди напредната технологија. Едукативни работилници на оваа тема на Универзитетот „Гоце Делчев“ …

Образовниот процес не може да се замисли без употреба на вештачката интелигенција. Традиционалната настава мора да се комбинира со современата технологија. Вештачката интелигенција во образовниот процес помага многу, но има и слабости.
Оваа тема ја засега и научната и образовната фела, современото образование мора да најде модел за употреба на технологијата.
Вештачката интелигенција нема креативност и тоа е предноста која наставниот кадар треба да ја искористи во креирањето на едукативните содржини.
Универзитетот „Гоце Делчев“ со серија работилници на оваа тема ќе ги опфати и студентите и наставниците. Идејата е децата да не бидат само корисници на напредната технологија, туку образованието да им помогне да развијат вештини за обликување на вештачката интелигенција.
Славица Величковска
