Кривичен суд

Стевче Јакимовски осуден на три години и шест месеци затвор за бесправно градење

23.04.2025 15:43

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, осуден на три и пол години затвор. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд, откако градоначалникот го огласи за виновен за злоупотреба на службената положба и за бесправно градење...

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, осуден на три и пол години затвор. Ваква пресуда донесе Кривичниот суд, откако градоначалникот го огласи за виновен за злоупотреба на службената положба и за бесправно градење. Дополнително, уште еден вработен во општината доби условна казна од две години.

Според истрагата која своевремено ја отвори финансиската полиција, Јакимовски дозволил објектот на Општина Карпош каде што ќе работи администрацијата да се изгради без одобрение за градба и без соодветно архитектонско-урбанистичка документација.

Процесот траеше шест години, а пресудата не е правосилна. Обвинетите имаат право на жалба до повисокиот суд.