Трамп: Тешко одат разговорите со Зеленски
Мораме да постигнеме договор со Зеленски. Мислев дека можеби е полесно да се справам со Зеленски, но досега беше потешко, изјави Доналд Трамп, претседател на САД...

Шефот на Белата Куќа вели дека многу потешко оди справувањето со украинскиот претседетал отколку со Русија во напорите на САД да стават крај на војната. Зеленски ја отфрли можноста за отстапување територија на Москва во каков било договор пред разговорите закажани во Лондон меѓу американските, европските и украинските претставници. Состанокот во Лондон на високо ниво беше одложен, се одржа на пониско ниво.
„Тоа е жестока војна. И ако можам да помогнам да се реши, знаете, ние не ги губиме нашите војници, туку губиме војници, многу луѓе. И ако можам да го решам, тоа би било одлично. Мислам дека имаме договор со Русија. Мораме да постигнеме договор со Зеленски. Мислев дека можеби е полесно да се справам со Зеленски, но досега беше потешко“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Трамп, кој треба да отпатува прво во Ватикан на погребот на папата Франциск, а потоа на Блискиот Исток рече дека не е сигурен оти ќе се сретне со Зеленски, но е можно да се сретне со Путин додека е во Саудиска Арабија. Сепак, според него, поверојатно е дека средбата со рускиот лидер ќе се случи наскоро по тоа патување.
