Верниците со последно збогум за папата
Верници пристигаат во базиликата Свети Петар за да му оддадат последна почит на папата Франциск на јавното бдеење пред неговиот погреб в сабота...

Илјадници верници пристигаат во базиликата Свети Петар за да му оддадат последна почит на папата Франциск на јавното бдеење пред неговиот погреб в сабота. Кардиналите по втор пат се состанаа во Ватикан за да ги усогласат плановите за погребот на папата Франциск и конклавата за избор на неговиот наследник.
„Очекувам Божјата волја да реши“, изјави кардинал Клаудио Гуџероти.
„Ние не одлучивме ништо за сите тие работи, извинете“, изјави кардинал Жан-Пол Веско.
„Јас сум на заминување, имам повеќе од осумдесет, не влегувам во конклавата“, изјави кардинал Норберто Ривера Карера.
Папата Франциск почина во понеделникот на 88-годишна возраст.
