Одбележување на Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во државата Израел
Комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, ќе ги запали шесте меморијални свеќи со ветување кон жртвите и преживеаните дека тие никогаш нема да бидат заборавени...

Еврејската заедница во Република Македонија и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска ќе го одбележат Јом Хашоа – Национален комеморативен ден на холокаустот и херојството во државата Израел, којшто се одбележува во сеќавање на востанието на Евреите во Варшавското гето во 1943 година и комеморативен ден на 6 милиони Евреи убиени во холокаустот.
Како што е најавено, комеморацијата ќе се одржи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија, во некогашното еврејско маало. Претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, ќе ги запали шесте меморијални свеќи со ветување кон жртвите и преживеаните дека тие никогаш нема да бидат заборавени и дека нивното наследство ќе се одржува во вечна меморија.
Традиционално, секоја година на овој ден е отворена изложбата од ликовни творби на ученици, учесници во наградниот конкурс „Холокаустот низ призмата на детските очи“, распишан од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.
