Иран

Преговори меѓу Иран и САД за нуклеарната програма на Техеран

24.04.2025 11:06

Иранските власти се согласија тим на Меѓународната агенција за атомска енергија да разговара за враќање на надзорот на нуклеарните локации...

Продолжуваат преговорите меѓу Иран и Соединетите Држави за нуклеарната програма на Техеран. Иранските власти се согласија тим на Меѓународната агенција за атомска енергија да разговара за враќање на надзорот на нуклеарните локации.

Целта е да се осигури дека земјата нема да ја користи својата брзо напредувачка нуклеарна програма за развој на нуклеарно оружје. Американскиот државен секретар изјави дека Иран ќе мора да престане со збогатување ураниум и би можел да го увезува она што му е потребно за цивилната нуклеарна програма.

Разговорите Вашингтон – Техеран продолжуваат в сабота.