12 сојузни американски држави поднесоа тужба против тарифните политики на Трамп
Тужба до американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк против тарифните политики на Трамп. Во тужбата се наведува дека претседателот го соборил уставниот поредок и донел хаос во американската економија...

Дванаесет сојузни американски држави поднесоа тужба до американскиот суд за меѓународна трговија во Њујорк против тарифните политики на Трамп. Во тужбата се наведува дека претседателот го соборил уставниот поредок и донел хаос во американската економија.
Тужителите тврдат дека, според Уставот на САД, само Конгресот има овластување да наметнува даноци и давачки, а не претседателот. Откако ја презеде функцијата, Трамп нареди високи царини за увоз, кои предизвикаа пад на берзите и финансиските пазари во светот.
Шефот на Белата Куќа рече дека ќе се договори со сите земји за тарифите вклучително и со Кина која се соочува со царини од 145 проценти.
