Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да играм
Триесет и седумгодишниот Србин е 24-кратен Грен слем шампион. Вкупно, тој освои 99 АТП титули во сингл во текот на неговата кариера.

Светскиот рекет број 5 Новак Ѓоковиќ пред почетокот на турнирот во Мадрид одговори дали неговата мотивација е намалена по пензионирањето на Швајцарецот Роџер Федерер и Шпанецот Рафаел Надал.
Можеби е така. Но, без мотивација не би бил тука. Не би играл повеќе, би го спуштил рекетот. Но, сè уште чувствувам желба да играм, страста за натпреварување е секогаш со мене. Се надевам дека ќе можам да го дадам најдоброто од себе. Грен слемовите се она што најмногу ме мотивира, изјави Ѓоковиќ за „Tennis Up to Date“.
Триесет и седумгодишниот Србин е 24-кратен Грен слем шампион. Вкупно, тој освои 99 АТП титули во сингл во текот на неговата кариера.
Во 2024 година, Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимписките игри во Париз.