МРТ за новогодишните празници со ексклузивна емисија од отвoрањето на МНТ
Играната документарна програма на Македонската телевизија обезбеди ексклузивен материјал од отворањето на Македонскиот народен театар. Вечерта на 7.12.2013, наспроти празникот Св. Климент, во празнична и свечена атмосфера се одигра премиерата со која почна театарската „одисеја“ на оваа наша значајна институција.

Камерата на МРТ успеа да влезе во ВИП зоната, регистрирајќи изјави од доајените на Македонскиот театар, од популарните и актуелни театарски работници и актери, од високи општествени личности, како и од многубројните гости од театрите на соседните држави. Во ексклузивната емисија што деновиве е во постпродукција, ќе имате можност од прва рака да ја доживеете оваа историска ноќ, да видите архивски материјал што ќе остане во ризницата на документацијата на МРТ како сведоштво на новата театарска ера кај нас.
Емисијата „Вечна куќа“ е снимена во целосна ха-де резолуција, а гламурот, емоциите и секако овациите по премиерата ќе имате можност да ги проследите во текот на новогодишните празници.