Во пораст се нарушувањата на менталното здравје кај младите
По трагедијата во Кочани, помош се барало и на телефонот за деца и млади при Првата детска амбасада „Меѓаши“. Линијата е отворена 24 часа. Амбасадата предупреди дека на ниво на држава, во пораст се нарушувањата на менталното здравје кај младите…

Нарушеното ментално здравје на децата и младите е во пораст, лани три деца имале мисли за самоубиство, годинава само во првото тримесечје има пет такви случаи, алармираат од Првата детска амбасада „Меѓаши“.
Стручните служби немаат протоколи како да се постапува кога ќе се јави ваков проблем. Министерството за образование, здравство и демографија и млади, треба да реагираат итно, велат од „Меѓаши“.
Децата во онлајн-просторот добиваат навредливи пораки и коментари поради кои имаат потоа имаат страв, вознемираност, анксиозност и затоа мора да бидат заштитени. Потреба за помош на СОС-линијата на „Меѓаши“ имало и од Кочани, по големата трагедија во кабарето „Пулс“.
Над 200 деца и младинци минатата година барале стручна помош или совет на телефонот на „Меѓаши“, „Ало бушавко“. Најмногу дојави биле од деца од 7 до 9 години. Машките барале повеќе помош од женските.
Наташа Јанчиќ-Менковски
