Лиценци

Речиси третина од фирмите чии лиценци ќе се одземаат се неактивни

24.04.2025 12:11

На фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци, а вкупно треба да биде одземена 471 лиценца. „За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери“, предупреди центарот...

По трагедијата во Кочани, владата донесе одлука за одземање на лиценци за градежно работење и урбанистичко планирање на речиси 500 фирми. Сепак, истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека речиси третина од фирмите кои ќе останат без лиценца се или со блокирана сметка или не се активни, а дел и се повторувале на објавениот список.

На фирмите ќе им се одземаат 11 различни видови лиценци, а вкупно треба да биде одземена 471 лиценца. „За најголем дел од фирмите, лиценците што ќе им се одземат не се услов за фирмите да работат и да добиваат државни тендери“, предупреди центарот.

Во моментов, само 49 од фирмите што се на листата имаат актуелни договори за јавни набавки, кои се со вкупна вредност од 26 милиони евра. 101 имаат добиено тендер во последните три години.