Гаши: Засега нема нова распределба на силите во Собранието
Одлуката на Таравари засега нема импликации врз распределбата на силите во Собранието, вели спикерот Африм Гаши. Тој појаснува оти чека официјално известување ако некој реши да го промени дресот. Локалните ќе се распишат на крајот на јули или во почетокот на август…

По одлуката на Таравари на локалните да излезе со сопствени советничките листи, што „Вреди“ го протолкува како самоисклучување од коалицијата, нема промена во распределбата на силите во законодавниот дом. Спикерот Гаши вели, засега не добил известување за промена во конфигурацијата на пратеничкото и бадентеровото мнозинство. Според Гаши, тоа ќе се реши на координација со пратеничките групи, ако крилото на Таравари евентуално го извести дека формира нова пратеничка група и официјално излегува од коалицијата „Вреди“.
Во однос на локалните избори, спикерот Гаши вели дека најдоцна до крајот на јули и почетокот на август тие би се распишале. Дотогаш има доволно време да поминат измените во Изборниот законик по барање на ОБСЕ.
За евроинтеграциите се одвива интензивна парламентарна дипломатија за почеток на преговорите, но и за да немаме натамошни блокади на патот по однос на идентитетските прашања.
Гаши потврди дека на крајот на месецов ќе се расправа за интерпелацијата на министерот Тошковски.
Игор Панов
