Интерпелацијата за Тошковски се очекува да биде на пленарна седница на 29-ти април
Уште тече рокот по Деловникот каде министерот може да даде писмен одговор, па во однос на тоа да ја закажеме седницата. Ако нема одговор уште два-три дена, ќе треба да ја закажеме најбрзо што може, вели Гаши...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите информира дека на следната пленарна седница која треба да се одржи на 29-ти април се очекува да биде ставена интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, поднесена од пратеничката група на Левица.
Уште тече рокот по Деловникот каде министерот може да даде писмен одговор, па во однос на тоа да ја закажеме седницата. Ако нема одговор уште два-три дена, ќе треба да ја закажеме најбрзо што може, односно на првата наредна седница. Очекуваме дека на 29-ти може да се реализира таа седница каде што прва точка на дневен ред ќе биде интерпелацијата, рече Гаши.
