Загриженост за одолговлекувањето на интегративниот процес
2030 година се најавува како година на проширување на ЕУ. Странски дипломати веруваат дека Македонија може да го фати чекорот. Уставните измени остануваат услов, но пред локалните не се очекуваат поголеми поместувања.

НАТО и ЕУ да обрнат внимание на иницијативите за воени сојузи меѓу земји-членки на Унијата и сојузот со други земји. Заменикот-министер за надворешни работи Димитровски изрази загриженост од одолговлекувањето на европската интеграцијата на земјава, но верува дека во периодот што следи ќе биде надминат билатералниот спор со соседна Бугарија.
Интегративниот процес е болен и тежок за секоја земја не само за нашата и потребно е многу трпение, вели професорот Редаели од италијанскиот универзитетот Католика. Уверен е дека компромисот е единственото решение.
Токму во нерешителноста на Брисел го гледа проблемот првиот човек на дипломатскиот клуб во земјава. Теговски смета дека непомалку е проблематичен односот на соседна Бугарија и она што го порачуваат челниците, но и тајмингот пред локалните избори.
Една дипломатска офанзива би можела да придонесе за придвижување на процесот, вели ректорот на Американ Колеџ, Бојаџиев.
Важноста на географската поставеност на земјава во однос на надворешната политика и националната безбедност е во фокусот на дебата на експерти од земјава и странство.
Фиљана Кока
