„Таен клиент“: Граѓаните најзадоволни од услугите на Централниот регистар

11.08.2014 15:04

Анкетата која ја спроведе Mинистерството за информатичко општество и администрација „Таен Клинет“ покажува дека граѓаните севкупно се најзадоволни од услугите во Централниот регистар на Македонија, а најнезадоволни од Центрите за социјални работи и Министерството за внатрешни работи...

Централниот регистар е највисоко рангирана иснтитуција според анкетата што ја спроведе Министерството за информатичко општетво и адмнистрација.

Според испитаниците во оваа институција најбрзо се издаваат документи, работата се завршува за 5 минути. Истражувањето покажа дека најмногу се чека во Катастар.  Како најљубезни граѓаните ги сметаат вработените во УЈП.

„Имплементацијата на методологијата Барометар за квалитетот на институциите ќе влијае на создавање на конкуренрност на институциите во админситрацијата и ќе ги поттикне да ги спроведуваат дефинираните и планираните реформски процеси коишто се во стратегијата ја реформа на јавната администрација“, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.

Во ова второ годишно истажување, прв пат се мереше и услугата на едношалтерскиот систем. Резултатот покажува дека најмалку се почитува во Фондот за пензиско и во локалните самоуправи. 

Спореведена е и анекта по случаен избор во Кисела Вода, Прилеп и Свети Николе. Граѓаните најмногу се задоволни од севкупната работа на општина Прилеп.

Министерот најави дека ќе се изработи акциски план за надминување на недостатоците од спроведените истражувања, кој ќе биде усвоен од владата по што ќе бидат предвидени мерки кои ќе мора да ги реализираат институциите.

Ги потесети граѓаните, дека ниту еден вработен во администрацијата нема право да ги врати од шалтер за добивање на документ од друга државна институција. Истражувањата се направени во јуни и јули 2014 година преку таен клиент и таен клиент преку телефонски јавувања.


Ана Јосифоска- Тодоровска