воен конфликт

Трамп тврди дека врши притисок врз Русија

25.04.2025 08:19

Трамп претходно го укори Путин за нападот врз Киев во кој загинаа најмалку 12 луѓе, а 90 беа повредени...

Шефот на Белата куќа вели дека Русија направила прилично голема отстапка за да ја прекине војната во Украина со тоа што не ја зазела целата држава. Трамп, исто така тврди дека врши голем притисок врз Москва и има рок да го склучи мировниот договор Украина-Русија.

„Ние вршиме голем притисок и Русија го знае тоа, и некои луѓе кои се блиски до неа знаат. Мислам дека сака да се договори, ќе дознаеме наскоро. Но, потребни се двајца за танго. И Украина треба да сака да склучи договор. И тие се многу силно погодени и верувам дека сакаат да склучат договор“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Трамп претходно го укори Путин за нападот врз Киев во кој загинаа најмалку 12 луѓе, а 90 беа повредени.

„Не сум задоволен од руските напади врз Киев. Не е потребно, и многу лош тајминг. Владимир, стоп“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Во меѓувреме Зеленски обвини дека Русија користела ракета од Северна Кореја.