Израел ја продолжува офанзивата во Газа
Обединетите нации бараат итно укинување на сите ограничувања за достава на хуманитарна помош во енклавата...

Израелската армија ја продолжува офанзивата. Ги повика жителите на два града во северниот дел на Газа да се евакуираат. Обединетите нации бараат итно укинување на сите ограничувања за достава на хуманитарна помош во енклавата.
„Канцеларијата за координација на хуманитарни прашања предупредува дека целосната блокада на помошта и сите други залихи доведе до исцрпување на основните работи како свежа храна и шатори и речиси се исцрпени другите критични залихи за палестинските цивили. Децата гладуваат, пациентите не се лекуваат, луѓето умираат, време е веднаш да се укинат рестрикциите“, изјави Стефан Дујарик, портпарол на ООН.
Израел ја продолжи офанзивата во палестинската енклава на 18 март, завршувајќи го двомесечниот прекин на огнот со Хамас.
