свет

Тензиите во Пакистан продолжуваат по нападот во Кашмир

25.04.2025 08:37

Њу Делхи го суспендираше деценискиот договор за водите на Инд, ја затвори единствената копнена граница со Пакистан и ги укина сите визи издадени на пакистанските државјани...

Пакистан го затвори воздушниот простор за индиските авиокомпании. Како одговор, Њу Делхи го суспендираше деценискиот договор за водите на Инд, ја затвори единствената копнена граница со Пакистан и ги укина сите визи издадени на пакистанските државјани.

Реакцијата следува по смртоносниот напад врз туристи во Кашмир во кои загинаа 26 луѓе. Во меѓувреме, околу 1.500 лица се уапсени во планинскиот регион под сомнение дека се поврзани со сторителите на нападот.