Ватикан

Верниците се простуваат од папата Франциск

25.04.2025 09:09

Поради големиот број присутни, властите на Ватикан решија вратите на базиликата да ги остават отворени преку целата ноќ...

Долги редици пред базиликата „Свети Петар“ каде што е положено телото на папата Франциск. Поради големиот број присутни, властите на Ватикан решија вратите на базиликата да ги остават отворени преку целата ноќ.

Течат подготовките за погребот закажан за в сабота. На погребната церемонија се очекува да присуствуваат над 200 илјади луѓе. Многу шефови на држави и влади и членови на кралски семејства го потврдија присуството.

На погребот ќе има и претставници на мигрантите, бездомници, затвореници – оние на кои понтифот им посвети огромен дел од своето црковно дејствување.