Повторно кражби на регистарски ознаки од возила на македонски туристи во Грција
Покрај ова продолжува незаконското лепење налепници врз ознаката МК на македонските возила, како и оштетување на автомобилите на македонските туристи во Грција...

Ги снемува македонските регистарски таблички во Грција. Нашите туристи пријавуваат случаи со украдени регистрации во неколку грчки одморалишта. Само за викендов биле украдени 5 таблички во Олимпик бич и во Паралија.
Покрај ова продолжува незаконското лепење налепници врз ознаката МК на македонските возила, како и оштетување на автомобилите на македонските туристи во Грција.
Годинава во два наврати беа регистирани оштетувања на возила и кражби на регистарски таблички на македонски граѓани, така што досега бројот на оштетени возила и регистарски ознаки достигна до три, а украдени се регистарски таблички вкупно од седум возила на македонски туристи.
