Економија
МЗШВ: Исплатени се 14.502 тутунопроизводители
25.04.2025 15:20
Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година, соопштија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство...

Денеска се изврши исплата на директни плаќања за произведен и продаден тутун од реколтата 2024 година, соопштија од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исплатени се 14.502 тутунопроизводители со вкупен износ од 2.404.561.224,00 денари односно околу 40.000.000,00 евра.
Корисници на оваа мерка се физички и правни лица кои своето производство со тутун од реколта 2024 година го договориле и продале во регистрирано откупно претпријатие согласно Законот за тутун, производи од тутун и сродни производи.
