ССМ

ССМ: Работничките права во приватниот сектор мора да се подобрат, итно да се зголемат платите

25.04.2025 17:00

Синдикатот бара итно да се зголемат платите на работниците, во спротивно предупредуваат дека подготвениот кадар ќе си замине од земјава. Потсетуваат дека потребни се достоинствени плати и безбедни услови за работа...

Итно зголемување на платите за работниците како во јавниот, така и во приватниот сектор, бараат од Сојузот на синдикати. Во спротивно, велат, ќе останеме и без кадар и без луѓе. Потпретседателот на ССМ потсети дека приватниот сектор е главен двигател за економската состојба на државата, па затоа мора да се засили со квалификуван кадар и младина.

„Но, за овие две работи, потребни се достоинствени односно безбедни услови за работа и повисоки плати. Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата која ќе се множи со коефициентот на сложеност и со тоа ќе пораснат и останатите плати“, велат од ССМ.

Синдикатот смета дека за добар дел од дејностите од приватниот сектор, не треба да има плати под 50.000 и 60.000 денари. Барањето се однесува на газдите кои често се изјаснуваат дека нема стручен кадар.

Паралелно, калкулацијата на минималните трошоци е показател дека на луѓето не им стигнуваат ниту две и пол минимални плати за да го истуркаат месецот, затоа е барањето за раст на минималецот на 500 евра, но и зголемување на сите останати плати за 100 евра.

Борис Грујоски