МВР
Престрелка на Бит Пазар, повредено едно лице
25.04.2025 15:06
Се работи за престрелка помеѓу две групи, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото на настанот најдени се повеќе чаури...

Денеска околу 14 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар има пукање од огнено оружје, соопштија од МВР.
Полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар излегле на местото и било констатирано дека се работи зa вооружена престрелка, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На местото на настанот најдени се повеќе чаури, велат од МВР и нагласуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
