Многу новини во новиот Закон за енергетика
Соседи во една зграда ќе можат да постават соларни панели, да произведуваат струја за себе и да го продаваат вишокот. Со новиот Закон за енергетика ќе се овозможи складирање на електричната енергија во батерија. Домаќинствата што не можат да си ја платат струјата, ќе добиваат државна поддршка…

Секој ќе може да го складира вишокот на енергија во батерии и секој потрошувач ќе може да го смени снабдувачот за само 48 часа, без трошоци за домаќинствата и за малите потрошувачи – ова е само една новина во Законот за енергетика.
Ќе се воведе методологија за енергетска сиромаштија, државна поддршка за сиромашните што не можат да ги платат сметките. Во моментов има над 50.000 ранливи семејства кои добиваат парична помош, а според информацијата на Министерството, се потрошувачи во четвртиот блок.
Ќе има далечинско читање на потрошената енергија, за седум години воведување на паметни броила, планови за кризи. Новиот Предлог-закон за енергетика е документ што ќе го обликува енергетскиот сектор.
За еден месец се очекува новиот Закон за енергетика да биде изгласан, во него се вградени директивите за чиста енергија.
Ана Јосифоска
