Скопје

Едно лице загина во вооружена престрелка на Бит Пазар

25.04.2025 18:11

А.С од Арачиново, кој беше тешко ранет во престрелката кај Бит-пазар која се случи попладнево, им подлегнал на повредите во скопскиот Клинички центар...

31-годишниот А. С од Арачиново, кој беше тешко ранет во престрелката кај Бит-пазар која се случи попладнево, им подлегнал на повредите во скопскиот Клинички центар, потврдија надлежните.

Тој беше тешко ранет во инцидентот со пукање што се случи околу 14 часот, кога според МВР, две групи од по пет до шест луѓе пукале едни кон други позади полициската станица Бит-пазар.