Поволности за работодавачите кои вработуваат приматели на социјална помош

11.08.2014 16:15

Приватните работодавачи имаат можност да вработат приматели на социјална помош за 4 години, а во првите две работодавачот ќе добие 80 насто од сумата која вработениот ја примал како социјална помош.

Приватните работодавачи имаат можност да вработат приматели на социјална помош за 4 години, а во првите две работодавачот ќе добие 80 насто од сумата која вработениот ја примал како социјална помош.

„Оваа мерка нуди исклучително добри можности за нив во смисла на финансиска помош од страна на државата со којашто тие би заштедиле дел од трошоците за плати, а од друга страна и да придонесат за оваа категорија на граѓани да бидат ангажирани и на тој начин да ја остваруваат својата егзистенција“, посочи владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Доколку по 4 години престане работниот однос лицето повторно се стекнува со право за социјална помош.