Ватикан

Денес е погребот на папата Франциск, со 164 странски делегации и над 200.000 луѓе на улиците на Рим

26.04.2025 09:59

Илјадници верници кампуваа на улиците пред Ватикан за да обезбедат место пред денешната погребна церемонија на папата Франциск. Над 250 илјади луѓе му оддадоа последна почит на папата Франциск во текот на тридневното јавно бдеење, пред запечатување на ковчегот.

На погребот на потифот се потврдени 164 делегации на светски лидери и претставници на кралски семејства, меѓу нив е и македонската претседателка Сиљановска-Давкова.

Церемонијата почнува во 10 часот, а Македонската телевизија ќе врши директен пренос. За безбедноста, покрај швајцарската гарда, ќе се грижи и италијанската полиција.

Во Ватикан продолжи собирот на 135-те кардинали, чијашто конклава за избор на нов папа најверојатно ќе почне на 5-ти мај.