Лишен од слобода возачот кој со патничко возило удри пешак во Скопје
Вчера5 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје...

Вчера5 во 01.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Ј.(31) од Скопје, информираат од МВР.
На 25.04.2025 во 20.30 часот на кружен тек од ул. „Кирил и Методиј“, ул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и ул. „Костурски Херои“, тој со патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во пешакот Ѓ.П.(87) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош пешакот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Е.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.
