Центарот за управување со кризи

ЦУК: Во изминатото деноноќие пожарникарите интервенирале на четири запалени возила и оџак

26.04.2025 11:31

Во изминатото деноноќие немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати...

Во изминатото деноноќие немало пожари на отворено во последното деноноќие, но пожарникарите гаснеле и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

Пожарникарите најмногу гаснеле запалени моторни возила и оџаци, отворале заглавени врати, а паралелно со интервенциите во населени места, реализирале и вежба во битолска гимназија.

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, информира дека пожарникарите од Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) на Град Скопје дека во изминатото деноноќие имале три (3) помали интервенција и тоа за запалена кујна на ул. Пиринска бр. 49/1-3, за запален оџак на ул. „Божин Николов“ бр. 46 и за запалено патничко моторно возило на ул. „Димитрие Чуповски“.