Непрописното паркирање најголем проблем во сообраќајот во Велес
Најголем проблем во сообраќајот, по улиците во Велес се непрописно паркираните возила. Тоа го покажуваат и бројките на пишани казни лани, од сообраќајната полиција. Граѓаните сметаат дека потребни се казни, но и обезбедување на паркинг, кој би требало да биде платен.

Најголем проблем за велешани е непрописното паркирање на возилата во Велес. Ги има по тротоарите, јавните површини. Лани од 8.200 прекршочни налози, кои сообраќајната полиција ги напишала поради сообраќајни прекршоци во велешко, 1.272 биле за грешно паркирани.
Граѓаните се лути, затоа што наместо по тротоарите се движат по улица и не се чувствуваат безбедно. Но недостигот на пајак службата во Велес, ја ограничува работата на надлежните служби. Секако и недостиг на сообраќајна култура и кај возачите и кај пешаците.
Пример за сообраќајната некултура е што велешани кои рекреираат во Градскиот парк, доаѓаат со автомобили, кои ги паркираат во тревните површини.
Како излез од ваквата состојба, локалната власт започна со изградба на подземна катна гаража на три нивоа, во центарот на Велес, која треба да заврши догодина, во овој период. Капацитетот е сто возила.
Петар Печков
