По Нова година казни за однапред сомелено месо
Заврши периодот на приспособување. По Нова година сите месарници ќе бидат казнувани доколку продаваат однапред сомелено месо. Дотогаш инспекторите за храна и ветеринарство само ќе контролираат без парични казни.
Од наредната година целосно се забранува продажба на однапред сомеленото месо.
Иако прописите се донесени уште од септември годинава до Нова година инспекторите нема да казнуваат за нивното непочитување.

Плескавиците,колбасите и другите преработки ќе може да ги прават само специјализирани објекти за оваа дејност со одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство, а производот ќе мора да биде спакуван и деклариран .
Во земјава има 30 компании од месната индустрија кои во последниве десет години бележат зголемување на производството.
Овие правила во земјите од регионот се донесени пред две години,а целта е поголема безбедност на храната и контрола на квалитетот на меленото месо.
Мето Трајков