БЛИСКИ ИСТОК

Жртви и повредени во новите напади во јужниот дел на Појасот Газа

26.04.2025 11:59

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен. Јеменските бунтовници Хути често го напаѓаат Израел и бродовите во Црвено Море, во знак на солидарност во Палестинците...

Не мирува Блискиот Исток. Жртви и повредени во новите напади во јужниот дел на Појасот Газа.

Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана од Јемен. Јеменските бунтовници Хути често го напаѓаат Израел и бродовите во Црвено Море, во знак на солидарност во Палестинците.

Во Оман пак, продолжуваат разговорите меѓу Вашингтон и Техеран за иранската нуклеарна програма. Целта на преговорите е постигнување договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на дел од економските санкции од САД.