СЕВЕРНА КОРЕЈА

Северна Кореја го претстави новиот гигантски воен брод тежок 5.000 тони

26.04.2025 18:48

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на церемонијата на лансирање на нов повеќенаменски разорувач...

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун присуствуваше на церемонијата на лансирање на нов повеќенаменски разорувач. Воениот брод од 5.000 тони е опремен со најмоќно оружје и изграден е во рок од околу 400 дена.

Новото моќно оружје ќе биде предадено на морнарицата и ќе влезе во служба на почетокот на следната година.

„Безбедносната средина во нашата земја во моментов е многу сериозна“ истакна Ким и рече дека САД редовно распоредуваат стратешки средства на Корејскиот Полуостров. Пјонгјанг долго време ги осудува како проба за војна воените вежби меѓу Вашингтон и Сеул, за што двете страни тврдат дека се одбранбени, а не воени дејствија.