ОЈО
ОЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
26.04.2025 12:48
Телото на загинатиот во вчерашната престрелка на Бит пазар е предадено на обдукција. Од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење..

Телото на загинатиот во вчерашната престрелка на Бит пазар е предадено на обдукција. Од лице место прибрани се траги кои ќе бидат предмет на вештачење.
Основното јавно обвинителство соопшти дека извршен е увид на местото на вчерашната вооружена престрелка.
„По наредба на јавен обвинител се обезбедуваат снимки од видеонадзор од околните објекти. Се издаваат сите потребни наредби и насоки за идентификација на инволвираните и целосно расчистување на настанот, велат од ОЈО.
