Реакции за истрагата на Димитровска
Актуелната претседателка на Антикорупциската комисија осомничена за оддавање на службена тајна во случајот „Адитив“ нема да смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењто. Нејзиниот дипломатски пасош не и дава ниту можност да ужива било какви права со фома на имунитет – појасни и министерот Муцунски. Сепак, ставот на нејзините колеги сегашни и поранешни членови е дека е нарушен интегритетот на ова независно тело и потребни се итни мерки, да се активира и Собранието.

Интегритетот на Државната комисија за спречување на корупција не смее да биде доведен во прашање, порачува поранешната антикорупционерка Тасева. Според неа неопходни се итни мерки, а доколку е потребно и посебна собраниска комисија.
„Можам само да порачам дека интегритетот на ДКСК не смее да биде доведен во прашање. Собранието кое ги избира членовите на ДКСК и нејзиниот претседател, треба да го обезбеди тоа. неопходни се итни мерки. Можеби ќе биде потребна посебна собраниска комисија поткрепена со експерти кои се независни од политиката“, вели Тасева.
Како да живееме во паралелна реалност, граѓаните после овие случувања нема да имаат ни доверба во институциите на системот дека некогаш ќе профункционираат ниту пак дека ќе се сменат работите. Потребно е да се промени менталниот склоп на општествено живеење, особено кај функционерите кои во суштина се корумпирани, смета аналитичарот Атанасовски. Вели, во изминативе 35 години гледаме ретки исклучоци на луѓе си интегритет, со морал, со чест и достоинство кои извршувале високи државни функции и не биле корумпирани.
Кривичен за антикорупционерката Татјана Димитровска одреди мерки на претпазливост. Одземен и е пасошот и доби забрана за работа. Таа се сомничи дека оддала службена тајна на еден од обвинетите во „Сдитив“, три месеци откако беше назначена на функцијата. Сепак првата антикорупционерка, Димитровска, ќе поседува дипломатски пасош до крајот на функцијата.
Ана Тодоровска
