Украина

Зеленски: Украинскиот народ ќе реши кои територии се украински

26.04.2025 14:04

Украина и Русија се многу блиску до историски договор – американскиот претседател Трамп оптимист. Ги повика двете страна да го прекинат крвопролевањето веднаш. Претседателот Зеленски, пак, порача дека само украинскиот народ може реши за било какви отстапки на окупираните украински територии. И Трамп и Зеленски присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск во Рим.

Украина и Русија се многу блиску до историски договор – американскиот претседател Трамп оптимист. Ги повика двете страна да го прекинат крвопролевањето веднаш. Претседателот Зеленски, пак, порача дека само украинскиот народ може реши за било какви отстапки на окупираните украински територии. И Трамп и Зеленски присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск во Рим.

Украина и Русија се на чекор до постигнување историски договор. Време е двете земји да седнат на преговарачка маса – напиша американскиот претседател Трамп на социјалните мрежи веднаш по пристигнувањето во Рим, каде што присуствуваше на погребната церемонија на папата Франциск. Уверува дека главните точки се веќе договорени. Ги повика двете страни да запрат со крвопролевањето веднаш. Во Ватикан на погребот на папата Франциск присуствуваше и украинскиот претседател Зеленски. Претходно Трамп најави можна средба со Зеленски, но и со претседателката на европската комисија Урсула фон дер Лајен. Пред заминувањето во Рим, Зеленски дециден – украинскиот народ е единствениот кој може да реши украинската територија.

„Нашата позиција е непроменета. Само украинскиот народ има право да реши кои територии се украински. Уставот на Украина вели дека сите окупирани територии се привремено окупирани, а сите тие припаѓаат на Украина и на украинскиот народ. Украина нема законски да признае ниту една привремено окупирана територија“, изјави украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Последниот крвав руски напад во Киев дополнително ги обесхрабри украинските граѓани за што поскоро постигнување мир. Ужалени се собраа пред импровизираниот споменик, оддавајќи им почит на жртвите.

„Кога дотрчав овде видов дека се е разрушено, беше страшно. Почна да ме фаќа паника, хистерија, бидејќи мојот најдобар пријател беше под урнатините. Три до пет часа чекав било какви информации“, изјави Данило Бондарчук – жител на Киев.

„Не гледам дека преговорите ќе завршат наскоро. Ако Путин сакаше мир, немаше да пука. Штом почнуваат преговори, има пукање. И секојпат кога се заоструваат преговорите, има гранатирања. Се повеќе и повеќе луѓе умираат, цивили“, рече Константин Бичек, повреден во рускиот напад врз Киев.

По средбата на американскиот специјален претставник виткоф со рускиот претседател Путин во Москва, од Кремљ пристигна соопштение дека разговорот бил конструктивен и придонел за приближување на позициите во преговорите за завршување на војната со Украина.

Маја Стојанова