Струмица

Литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица

26.04.2025 14:30

По струмичките улици и годинава беше изнесена иконата на Пресвета Богородица брзопослушничка која пред осум години во Струмица беше донесена од манастирот Дохијар од Света Гора. Голем број верници се собраа кои се молеа бидејќи за нив мајка Богородица може да не заштити и обедини.

Пресвета Богородица ја носиме на рака бидејќи нема никој друг на кој би можеле непоколебливо да му се довериме. Затоа ја молиме да се смилува за Струмица за Македонија и македонскиот народ“. Вака кажа Викарниот епископ Стобиски г. Јаков, по молебенот и свечената литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушница во Струмица која секоја година се изнесува на поклонение на верниците.

Голем број верници се собраа од земјава во Струмица бидејќи сметаат дека Пресвета Богородица е мајка на сите. Кажаа дека таа секогаш одговара на молитвите и со голема вера не обединува.

Иконата Пресвета Богородица Брзопослушницчак од манастирот Дохијар од Света Гора во Струмица е донесена пред осум години. Се наоѓа во Црквата Св. 15 Тивериополски свештеномаченици

Ване Трајков