Недоволна застапеност на жените во енергетиката
Енергетиката е широк поим, движечка сила, во која жените сè уште не се доволно застапени. Вклученоста на жени во класичната енергетика е околу 25 проценти, додека во новите дисциплини застапени се со околу 32 проценти на глобално ниво. Потребно е поддршка од образованието и индустријата за да се надминат стереотипите и предрасудите околу машки и женски професии. Повеќе јавни трибини и панел дискусии, како и лични примери од успешни жени на ова поле.

Во Македонија застапеноста на жените во енергетиката не е на задоволително ниво. Тие сè уште се борат да ги разбијат оние стереотипи и традиционалните предрасуди дека енергетиката е машки сектор. Помала е вклученоста на жени во класичната енергетика, додека во новите сектори како обновливи извори, енергетска ефикасност и енергетски системи, жените се застапени со 32% на глобално ниво.
За да има повеќе жени во енергетиката, од огромно значење е преминот од основно во средно образование. Зголемениот број на ученички во средното техничко училиште е показател дека генералните предрасуди за машки и женски професии, постепено се надминуваат.
Покрај образованието, најважна е поддршката од индустријата, која треба да ги отвори своите врати на сите оние кои имаат стручна и професионална подготвеност, без разлика на родовата припадност
Александра Максимовска
