Домашни и странски офтамолози во Скопје разменија знаења и вештини за подобрување на лекувањето и дијагностиката
Македонија е центар на нов бран во офталмологијата. 29 предавачи и звучни имиња од САД, Велика Британија, Полска, Хрватска, Бугарија, Србија и Швајцарија, како и домашни офталмолози, разменуваат знаења и вештини од важност за медицината која ги носи најсовремените трендови, технологии и практики од светот, директно во земјава...

Со употреба на виртуелна реалност и вештачка интелигенција, до нов начин на третирање на пациентите со слаб вид. Д-р Лиу Леи е научник којшто работи на клинички истражувања како да им се помогне на овие лица, преку тренинг програми да можат да го подобрат квалитетот на животот.
„Моето истражување опфаќа третман со виртуелна реалност и вештачка интелигенција. да се создаде „нов бран“ со кој би се третирале пациентите со слаб вид. На оние со оштетен вид не може комплетно да им се врати видот, но може да им се помогне да можат нормално да работат, функционираат и натаму да ги извршуваат нивните секојдневни активности. Со помош на тренинг програма може да им се помогне да можат значително да го подобрат квалитетот на нивниот живот“, вели д-р Леи.
Кога буквите стануваат премногу матни за испитаникот да ги види, субјектот почнува да ги погодува буквите. Резултатите може да варираат ако некое лице го полага тестот повеќепати. Со алгоритам за вештачка интелигенција попрецизно се дијагностицираат проблемите, новиот тест според одредени истражувања може да ја намали дијагностичката грешка за очните прегледи за околу 74 проценти.
Македонија е центар на нов бран во офталмологијата. На едно место се собрани знаењето, науката и технологијата, за да се даде насока за понатамошен развој во оваа област. 29 предавачи и звучни имиња од неколку земји и домашни офталмолози, разменуваат знаења и вештини од важност за медицината која ги носи најсовремените трендови.
Александра Спировска
